Украинската контраофанзива не ги постигна своите цели, а неодамнешните големи руски напади ја ставија Украина во критична позиција, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за АРД.
„Секогаш сум внимателен во правењето предвидувања бидејќи војните генерално се непредвидливи. Но, јасно е дека колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши оваа војна“, посочи тој.
Столтенберг вели дека треба да ни биде јасно дека за Украина ќе биде целосна трагедија доколку Путин победи во војната.
Но, тоа би било опасно и за нас. Во наш заеднички интерес е да се погрижиме Украина да надвладее. Да, немаше големи промени на фронтовите во последните месеци, но мораме да погледнеме кои беа првичните позиции. Украинците успеаја да и нанесат сериозна штета на Русија со удари длабоко во задниот дел, испорачани со крстосувачки ракети.
(…)
Мора да бидеме подготвени и за лоши вести, но имаме должност да ја поддржиме Украина и во добри и во лоши времиња. Тоа е војна на трошење – битка за ефикасност, битка за логистика. Зголемувањето на военото производство е критично.
Работиме напорно кон оваа цел. Еден од сериозните проблеми е фрагментацијата на европската индустрија за оружје. Не можеме да соработуваме толку тесно колку што би било потребно.
Испораката на повеќе воена помош и муниција е критична во овој момент. Во овој поглед, мора да ја видиме големата слика – дека во заеднички интерес на сите во НАТО е да се надминат некои тесногради национални интереси – не ставаат во опасна ситуација, нагласи генералниот секретар на НАТО, цитиран од ДВ.







