Ова што се случува во Украина е страшно и тоа е причината што земјите од НАТО ги усвојуваат досега најголемите санкции, но сепак мора да се спречи ескалација, па НАТО нема да интервенира, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.



За да се создаде „зона за забранети летови“, како што сака Украина, НАТО ќе мора да интервенира со сопствен авион, а тоа мора да се спречи, изјави Столтенберг, цитиран од „Дер Стандард“.

Столтенберг смета дека Путин целосно ги потценил украинските сили. НАТО обучи илјадници украински војници сега на фронтот. Во секој случај, НАТО е посилен и пообединет од кога било, рече Столтенберг, додавајќи дека Финска и Шведска веќе се повеќе вклучени во одлуките на НАТО.

Тој исто така рече дека Русија користи касетни бомби и друго оружје што би го прекршило меѓународното право.