Столтенберг: Русија е агресор!

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека „жали“ за одлуката на Русија daго суспендира учеството во Договорот Нов почеток за билатерална контрола на нуклеарното оружје и ја повика Москва да го преиспита решението.



На заедничката прес-конференција со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба и шефот на европската дипломатија Жосеп Борел, Столтенберг изјави дека „Русија е агресорот“.

„Претседателот Путин ја започна оваа империјалистичка, освојувачка војна. Денеска јасно стави до знаење дека се подготвува за уште војна. Путин не смее да победи. Тоа би било опасно за нашата безбедност и за целиот свет“, рече Столтенберг.

„Жалам поради одлуката на Русија да го прекине учеството во програмата Нов почеток“, рече тој.