„Се чини дека премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, го забрзува процесот да помине договорот (за името) во Скопје откако генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, наводно, испратил писма до Скопје и Атина, повикувајќи договорот да биде одобрен во двата парламента до 15 февруари, по што балканската нација може да се приклучи на Алијансата без понатамошно одложување“, пишува “Катимерини“.



Весникот пишува дека Договорот се очекува „да биде ратификуван во парламентот на БЈРМ порано отколку што се очекувашански, најверојатно до 10 јануари, што значи дека таканаречениот Преспес договор ќе дојде и во грчкиот парламент.  

Владиниот портпарол Димитрис Цзанакопулос изјави дека одлуката кога догоорот во грчкиот парламент  ќе биде донесена по 18 јануари.

Како што објави Катимерини во неделното издание, сојузниците на НАТО се согласија дека гласањето за ратификување на договорот од Преспа во грчкиот парламент ќе биде одвоено од гласањето за протокол кој ќе ги укине приговорите на Грција кон кандидатурата на БЈРМ за влез во НАТО.

Во секој случај, пишува „Катимерини“ одобрувањето на Договорот се очекува да предизвика политички настани, со шпекулации за времето на можни предвремени избори.