Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера ја повтори одлуката на Алијансата да ги повлече своите сили од Авганистан заедно со САД, по одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги повлече своите трупи до Божиќ.



„Заедно решивме да одиме во Авганистан. Заедно ќе пристапиме кон прилагодување на силите и заедно ќе ја напуштиме земјата”, рече тој на прес-конференцијае, пренесе Франс прес.

Во мисијата „Одлучна поддршка“ на НАТО учествуваат 12.000 војници од 38 земји, вклучувајќи 8.600 американски војници, учествуваат во Авганистан, покрај оние во состав на силите на САД.

Најавите на американскиот претседател ќе се дискутираат на состанокот на министрите за одбрана на НАТО на 22-ри октомври.