Русија мора да избере помеѓу дипломатско решение на кризата околу Украина или соочување со економски санкции, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Денеска Русија и Белорусија започнаа десетдневни заеднички вежби во близина на границата со Украина
„Русија има избор: можат да изберат дипломатско решение, но ако изберат конфронтација, ќе платат висока цена“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Борис Џонсон во Брисел, пренесува Ројтерс.
Се зголемува бројот на руски војници на украинската граница, а можниот напад е се поизвесен, изјави Столтенберг.
„Ова се опасни времиња за европската безбедност“, рече Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција.
„Бројот на руски војници се зголемува. Можниот напад е се поизвесен“, предупреди тој. „НАТО не е закана за Русија, но мораме да бидеме подготвени за најлошото, додека веруваме во политичко решение“, нагласи тој.







