Столтенберг: Има несогласувања во НАТО

Во обраќање пред американскиот Конгрес Генералниот секретар на НАТО изјави дека во Алијансата постојат многу несогласувања и побара зголемување на одбранбениот буџет, со цел подобро да се справи со глобалните предизвици, како што е Русија.



„Треба да бидеме искрени. Се поставуваат прашања од двете страни на Атлантикот за силата на нашето партнерство. Да, постојат несогласувања, истакна Јенс Столтенберг.

За Столтенберг НАТО најсилен сојуз во историјата, кој сепак и денес се соочува со многу предизвици, меѓу кои – се поагресивната Русија.