Столтенберг и Хан ѝ честитаа на ??

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и високиот комесар на Европска унија за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан преку Твитер ѝ го честитаа потпишаниот Протокол за пристапување во Алијансата на 30. членка без да ѝ го споменат името, идентификувајќи ја само со државното знаме.



„Денеска е историски ден. Сите НАТО-сојузници го потпишаа Протоколот за пристапување со ??, што ќе донесе повеќе безбедност и напредок во целиот регион. Со нетрпение го очекувам денот кога 30 знамиња ќе се веат пред седиштето на НАТО“, твитна Столтенберг.

„Честитки! ?? Придонес за мирот и стабилноста во Западен Балкан и пошироко!“, твитна Хан.