Во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска попладне пристигнува во дводневна посета на Скопје.
Столтенберг посетата ќе ја започне со средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Генералниот секретар на НАТО, попладне ќе се обрати и пред пратениците во Собранието, во рамки на 132. седница, по што ќе биде примен од Претседателот Стево Пендаровски во неговиот Кабинет.
Утре во Скопје ќе се одржи неформален лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.
Столтенберг и Ковачевски, како што е најавено, ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија – премиерот Еди Рама, Република Хрватска – претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора – премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија – премиерот Роберт Голоб.
Турнејата низ регионот Столтенберг ја започне од Босна и Херцеговина во неделата, по што замина во посета на Косово. Денеска Столтенберг престојува во Србија, од каде попалдне ќе допатува во Скопје, како последна етапа од неговата турнеја низ земјите од Западниот Балкан.






