Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува земјите-членки на алијансата да ги зголемат целта на трошоците за одбраната, кои моментално изнесуваат 2 отсто од БДП, кога ќе се сретнат на самитот во Вилнус во јули, изјави тој за германскиот весник Ди Велт.
Целта за сите земји-членки на НАТО е годишно да инвестираат 2 отсто од својот БДП во одбраната.
Уште во 2014 година, земјите-членки на НАТО се обврзаа да ги зголемат одбранбените трошоци од најмалку 2 отсто од БДП до 2024 година и најмалку 20 отсто од буџетот за одбрана за опремата на вооружените сили.






