Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, даде одговор на хипотетичко прашање што ќе се случи ако во руско-украинската војна победи „претседателот Путин“, како што вели тој.



„Доколку победи претседателот Путин, светот ќе стане поопасен бидејќи тоа ќе ги инспирира другите земји, вклучително и Кина“, рече Столтенберг.

Тој му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за најновиот пакет воена помош за Украина и го увери дека Украинците „напредуваат“ во нивната контраофанзива.

Според него, успехот ќе им даде предност на Украинците во преговорите со Русија.