Столтенберг: Ако име решение за името, ќе има и покана за НАТО (ВИДЕО)

Во ексклузивното интервју за АНА-МПА  генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави „силната политичка поддршка“ за решение на прашањето за името на ПЈРМ и истакна дека „доколку прашањето за името биде решено, тогаш НАТО ќе ја покани ПЈРМ да стане членка“.



Запрашан дали политиката на отворени врати продолжува и дали тоа прашање ќе се најде на Самитот на 11 и 12 јули, односно што по обновените напори на Скопје и Атина, да се најде решение за прашањето за името, генералниот секретар ја пофали досегашната политика на проширување на Алијансата.

„Од крајот на Студената војна речиси двојно го зголемивме бројот на членовите, а тоа ни помогна да се стабилизираме, да ја зајакнеме демократијата и владеењето на правото во цела Европа. Значи, проширувањето на НАТО беше голем успех“.

Столтенберг вели дека „вратата на НАТО останува отворена што се виде и минатата година, кога Црна Гора стана, 29 членка на НАТО.

„Ќе се осврнеме на проширувањето на Самитот во јули со земјите аспиранти, Босна и Херцеговина и Грузија, но и исто и кога ќе стане збор за ПЈРМ.

Навистина ги поздравувам напорите на Скопје и Атина за изнаоѓање решение за проблемот со името. Го посетив Скопје пред неколку месеци. Исто така разговарав со премиерот Алексис Ципрас и ја поздравувам силната политичка поддршка за обидите да се најде решение за ова многу тешко и чувствително прашање.

Но, доколку проблемот со името биде решен, тогаш НАТО ќе ја покани ПЈРМ да стане членка“, вели Столтенберг.