Столе Стоилов за Северна: Срам да ни е на сите….

Ракометарот Стојанче Стоилов не ја прифаќа Северна како име на својата држава.



“Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!

Срам да ни е на сите….

За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!”, напиша ракометната ѕвезда и миленик на македонската публика кој денеска го играше последниот меч како Република Македонија.

На мечот утре репрезентацијата треба да биде претставена како Северна Македонија.