„Столчето на министерот за финансии:Некој штрајкува, некој навива“

Сојузот на синдикатите на Македонија трет ден продолжува со протестот, откако беа изиграни од власта за покачувањето на платите. Откако протестираа пред Собранието и владата денеска се пред министерство за финансии каде поставија само едно столче.



– И вработените во Министерство за финансии добиваат 2806 денари⁉️ Некој штрајкува, некој навива‼️, велат тие алудирајќи на министерот Фатмир Бесими.

Штрајкот ќе се одвива секој ден од 10 до 11 часот, така што вработените во јавниот сектор во тој период ќе го прекинат работниот процес и ќе излезат надвор, а само десет проценти од нив ќе работат онаму каде што е потребно за итни случаи.

Од владата велат дека треба да се зголемат платите, но велат дека мора да се најде одржливо решение, а не проблемите да се решаваат со моментални решенија.