Писателот и актер Сашо Тасевски со жестока порака до власта и нивните министери за образование во врска со односот кон штрајкот на наставниците.
,,Тоа што полуписменион мајмун од образование отворено се заканува на родители и на директори на училишта доколку не го прекинат штрајкот, нека не ве плаши.
Може само да ви се фати и да се клати.
Терајте си го штрајкот и да не ви чуе од такви неписмени партиски дудлачи кои на триесет години станале големи фаци. Одете до крај. Земете си ги вашите пари што сте ги заслужиле. Агресивноста и простотилакот на оваа власт кон вас е само одраз на нивната паника дека се соочуваат со цунами од штрајкови во други струки.
А вие од партиите на власт кои ги ширите нивните закани по медиумите и мрежите заслужувате посебно катче во пеколот.
Сите сте штрајкбрехери топтан и треба да одговарате.
Прво преку вашиот скот Мила го доукакавте образованието и авторитетот кај даскалите, а сега ги барате и нивните глави откако ги кренаа.
Нема да може бе. Нема да може.
Јас како родител застанувам јавно зад секој даскал, зашто ја знам нивната вредност на овој свет.
Тие се единствените светилници на оваа мрачна цивилизација која се доближува до својот неславен крај.
Тие се важни, не вие, бројлерите во партиите на власт, кои паѓаат во несвест кога се опозиција за просветарите и нивните маки, но штом дојдат на власт, тие маки им ги триплираат. Лицемери погани.
Сами треба да се борите да им дадете плати на министри, за да ги направите недопирливи за џукели ко вас, а не уште да се изживувате со нив преку закани и притисоци. Стоко полуписмена”, пишува Тасевски кој е познат по својот остар јазик при коментирање на актуелните политички случувања во Македонија.






