Повеќе од половина од домашната пченица годинава ќе заврши како сточна поради слабиот квалитет. Претходно, мелничарите се пожалија дека годинава многу потфрлил квалитетот на домашната пченица и за да добијат квалитетен производ, ќе мора да ја мешаат со српската, која е далеку поквалитетна и се увезува по 9,6 денари за килограм. И од Министерството за земјоделство потврдија дека најголем дел, односно над 50 отсто од домашната пченица ќе се користи како сточна храна. Поради ниската откупна цена на пченицата, која годинава се движи од 9 до 11 денари за килограм, околу 20.000 тони лебно жито ќе останат непродадени, односно складирани во амбарите.
Според државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, за да не увезуваме пченица, потребно е нашите земјоделци да ги зголемат количините, приносот и квалитетот. Ако имаме принос од четири тона, тоа ќе биде сосема доволно и ќе нема потреба да купуваме однадвор.
Линк до целиот текст.






