Андреја Стојковски, директор на Институтот „Преспа“ во разговорот за Утрински брифинг вели дека најавениот рок од шест месеци, за „напредок“ во македонско-бугарскиот спор од новиот премиер Кирил Петков, е доказ дека Бугарија не е подготвена за преговори за да се откочи оваа приказна меѓу двете земји.
„Мое лично мислење е дека реално на нив ќе им треба повеќе време. Ако сакате да преговарате тогаш не си ги ограничувате можностие за преговори. Бугарија излезе со максималистички барања утврдени во Резолуција во бугарскиот парламент на која најчесто се повикуваат како на правна пречка за да согласат со било каква промена.
Се додека не ја сменат или укинат резолуцијата не очекувам дека Бугарија ќе биде подготвена да преговара.
На Петков му требаат тие шест месеци за да се подготви внатрешно. Има таков народ многу агресивно истапуваше против. Не знам колку ќе биде прагматичен ако Петков се одлучи да ја укине резолуцијата може да дојде до проблем и за Петкво и за Бугарија и да дојде нестабилност внатре во владата“, анализира Стојковски.







