Пратеничката Велика Стојкова Серафимовска прави анализа како Европската унија и УНЕСКО го третираат културното наследство а како истото го третира министерката за образование и наука Мила Царовска.
Таа е убедена дека Царовска својот однос кон културното наследство го гради врз основа на насоките од премиерот Заев.
“Додека Мила Царовска интегрира предмети и ревносно бега к’о од ѓавол од културното наследство (столбот на идентитетот) следејќи си го господарот Зоран Заев, UNESCO и EU истото го интегрираат во сите предмети. Така е кога си играш со NGO, а не со релевантни институции”, пишува пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека @mila_carovska интегрира предмети и ревносно бега к'о од ѓавол од културното наследство (столбот на идентитетот) следејќи си го господарот ЗЗ,UNESCO и EU истото го интегрираат ВО сите предмети.Така е кога си играш со NGO,а не со релевантни институции.
ПС.Одличен webinar!😊 pic.twitter.com/UxTjPceJ5H— Велика Стојкова Серафимовска (@etnolika) July 1, 2021





