Владата плашејќи се од Бугарија самата го ограничи македонскиот јазик и дијалектите само на територијата на Македонија, вели во интервју за ТВ 24 Стојко Стојков од „ОМО Илинден’.
Вели дека Македонија треба да има храброст да ги брани интересите на македонските државјани, но и генерално на македонската нација.
„Тоа е уште пострашно, бидејќи самата Бугарија признава дека јазик каков што се зборува во Македонија се зборува и во пограничните територии, и наместо тоа македонската влада да го искористи во своја полза, тие апсолутно се цензурираат’, рече Стојков.
Тој протоколот меѓу Скопје и Софија го оцени како скандалозен. Стојков вели дека целиот протокол е штетен, едно продолжено вето, инструмент за уценување.





