Стојков: Петков е само продолжувач на срамната живковистичка традиција

Оваа влада не би ја отворила темата за македонското малцинство, јас не би ја ни коментирал, рече бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Собранието и вети дека „нема да подлегнува на провокации“.



Стојко Стојков, еден од најистакнатите Македонци во Бугарија вели дека изјавата на Петков не е изненадување и оти тој и се придружува на срамната тодорживковска традиција на дискриминација и прогонување на на македонското малцинство во Бугарија.

Срамно е за премиер на европска земја осудена 14 пати за крешење на правата на Македонците да одбива дури и да разговара. Уште подволично е да велиш дека не е доволно бугарско малцинство влезе во Уставот на Македонија а од друга страна одвиваш и да говориш за правата на македонското малцинство во Бугарија. Провокација се неговите искажувања а бугарската политика против македонското малцинство е провокација за европскиот вредносен систем – изјавил Стојков за „Република“.