Има луѓе од Бугарија кои се спремаат да допатуваат утре во Скопје на прославата на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Скопје, вели Стојко Стојков од партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илиден-Пирин.



Но, тој предупредува дека доколку се случат тензии и немири, тоа ќе биде на штета на Македонија. Не ја исклучува можноста дека сето ова е можеби е однапред испланирано сценарио.

„Знам дека луѓе се спремаат да дојдат, но не знам што ќе биде. Тензиите би биле во корист на бугарската антимакедонска политика и на штета на Македонија.

Ќе бидат користени за нови уцени против Македонија и за оправдување на бугарската политика против Македонија. Тоа е свесна провокација за да се предизвика реакција од Македонците, која понатаму да биде претставена за антибугарска, како со клубовите“, вели Стојков, пренесува Фактор.

За тоа дали е можно Бугарија да стави вето на македонските преговори со Европската Унија(ЕУ), ако се случат инциденти на гробот Делчев, додава дека „сè е можно“.