Синот на пратеничката Мира Стојчевска прво аплицирал за работа во ЕЛЕМ, а дури потоа ѝ го соопштил тоа на мајка му.
„Јас сум немала апсолутно никакво влијание нво одлуката ЕЛЕМ да го вработи мојот син. Тој претходно работеше во приватна фирма, но работел и во Катастар за недвижности што исто така е државна институција“вели Стојчевска за А1Он.
Вели „нашите деца секако ќе бидат вработени некаде“ и дека професијата на нејзиниот син кој е градежен инженер е дефицитарна.





