Стојановска: Нема да гласаме за наметнат премиер

Ова го изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во синоќешното гостување на ТВ 24.



„Нема да гласаме за влада чиј премиер е наметнат“, рече стојановска според која партијата ДУИ за се’ одлучува, а СДСМ молчи и исполнува.

„Гледајќи го собраниското однесување на Талат Џафери, има бројни исклучоци каде што не почитувал закони, не почитувал Устав, лошо се однесувал. Интерпелација му поднесовме, се разбира дека таа не помина. Има и бројни интерпелации скриени во фиока“, рече пратеничката.

Стојановска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ предложи воопшто да нема техничка влада,  бараше измени на Изборниот законик, но бидејќи тоа не се случи партијата, почитувајќи го законот ќе предложи имиња на министри и заменици.

„Но, никаде во закон не стои обврска дека пратеници од опозицијата се задолжени да гласаат ‘за’ техничка влада“, рече Стојаноска.

Пратеничката потсети дека во 2016-тата година СДСМ не ги гласаше свои предлог имиња за во техничката влада.

„Дел од минатиот парламентарен состав од кои што денес се сегашни и актуелни пратеници, тие во 2016-тата година не гласале воопшто. Празен беше делот од салата каде што тогаш опозициските пратеници на СДС седеле и не гласале за нивните предлози, тогаш Оливер Спасовски и чинам Фросина Ременски.