Позицијата на Бугарија кон С. Македонија не треба да биде агресивна, бидејќи така се создава една нација кој искрено ја мрази Бугарија, изјави поранешниот бугарскиот претседател Петар Стојанов за софиската телевизија бТВ.



Ова ој го изјави обидувајќи се да направи паралела со ситуацијата меѓу Украина и Русија.

Бугарија никогаш нема да ја нападне Северна Македонија, тоа е лудо!“, порача поранешниот шеф на државата. Тој истакна дека колку и да се заострени позициите, дијалогот меѓу двете братски држави мора да се води во пријателски тон. „Не дај Боже, еден ден… ќе застанам тука“, рече Стојанов.

Стојанов, кој беше бугарски претседател од 1997 до 2002 година, оцени дека колку и да се заострени позициите, дијалогот меѓу „двете братски држави” мора да се води во пријателски тон.