Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК Дафина Стојаноска вели дека не е коректно во медиумите да се изведуваат наслови дека ВМРО-ДПМНЕ го сменил ставот и дека е за уставни измени.



Тоа не е точно, уставни измени под бугарски диктат никогаш“, вели Стојаноска.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ за да не биде обвинувана дека е неконструктивна, прифати лидерска средба.

Но, но понудивме и два предлога кој сеуште чекаме дали ќе бидат прифатени и кој предлог ќе биде прифатен за да излеземе од овој ќорсокак кој е виновна актуелната власт“- вели пратеничката.

„Сега на потег е власта, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше јасен по однос на понудените предлози на таа лидерска средба.

Првиот предлог даден беше преодна Влада без ДУИ и уставни измени со одложено дејство, а вториот предлог беше избори на есен.

Од тие избори опозицијата да и даде поддршка на идната Влада по однос на следните чекори пред да се случат уставните измени, а тоа би биле добивање на јасни гаранции од ЕУ институциите дека ќе биде зачуван македонскиот идентитет, овозможување на европски пакет за македонската економија и граѓаните и од страна на нашиот добар сосед да ги спроведе барем 3 од оние 6 кои се конечни пресуди на ЕСЧП за Македонците од таа страна на нашата граница“, рече Стојаноска.

Стојаноска истакна дека оваа преговарачка рамка или францускиот предлог за пристап на преговори е прифатен од страна на само 68 пратеници во Собранието на Република Македонија, пренесе Денешен.мк