Целиот државен систем на Зоран Заев и ЈО на Вилма Русковска е ставен во функција на штитење на криминалот на Ден Дончев. Финансиските институции за истрага и прогон и ЈО со години не смеат да процесуираат предмет против главниот играч на Заев – Дончев, вели Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Стојаноска вели дека медиумите објавија аргументи во јавноста дека Дончев, спротивно на закон, во два наврати, еднаш во 2018 и втор пат во 2019 година, се стекнал со 50.000 евра и 80.000 долари наизменично. Аргументите и доказите кои ги посочуваат медиумите се очигледни! Дончев се стекнал со десетици илјади евра на нелегален начин!
„Криминалот го гледаат сите, само не институциите кои се должни да го санкционираат. Две години немало и сè уште нема никаква реакција, ниту од Управата за финансиско разузнавање, ниту од ЈО на Русковска.
ЈО не го санкционирало Дончев во 2018 година и со тоа дозволило истиот повторно да го стори истото незаконско дело и во 2019 година“, посочува Стојаноска.





