Владини извори кои инсистираат на анонимност тврдат дека лидерот на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов влегол во сопствената замка со заканите дека ќе ја напушти владата по што на понижувачки начин мора да остане во владата.
,,Доколку навистина има таков договор владата досега ќе предложеше закон согласно барањата на Ангелов кој разбра дека не е добродојден во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што нема каде да оди и ќе ја загуби директорската позиција мораше да остане во владата”, вели извор кој уверува дека ова прашање е еден од клучните фактори од кои зависи дали военото крило на ДУИ ќе се приклучи на Груби или на Изет Меџити.
Изворот во владата го нарекува Ангелов со погрдни зборови кои expres.mk нема да ги објави опишувајќи го како лидер на непостоечка партија која нема ни илјада следбеници.
Ако е точно дека Ангелов добил ветување за исполнување на неговите барања тој може веднаш да каже што точно му е ветено, но тој не добил ништо туку Ковачевски и Ахмети со купуваат време со ,,наивниот и неважен лидер” од кој владата воопшто не зависи.
Реакцијата од анонимните владини извори доаѓа откако вчера претставници на екс ОНА јавно излегоа против наводниот договор меѓу Ковачевски, Ахмети и Ангелов.
Ангелов: Ахмети и Ковачевски прифатија обесштетување на бранителите од 2001 година





