Стојанче тврди не е избркан, “бркачот” вели го избркал (ФОТО)

По информацијата на дел од медиумите дека Стојанче Ангелов бил избркан од кафуле во Тетово, генералот вели дека се работи за лажна вест.



Но на преписката на фејсбук на која Ангелов објаснува што точно се случило човекот за кого беше објавено дека го избркал потврдува дека го натерал генералот Ангелов да го напушти кафулето.

Лицето со име Нуха Лика најпрвин на директно прашање дали го избркал вели ДА а потоа индиректно му се заканува со насилство за тоа што лаже ако повторно дојде во Тетово.

Човекот што го избркал според медиумите на албански јазик е братучед на Хазби Лика.