Стојанче Ќерамида со нов гаф, не го препозна својот прекар (ВИДЕО)

Откако претходните недели собра многу поени за својата активност при справување со пожари а завчера во 3 часот наутро лично учествувал во евакуација на момче со скршена нога од Водно, Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов пак се прослави со гаф.



За време на интервенција на пожар Ангелов раскажува дека има пукање односно дека се слушаат истрели од помошна просторија додека во исто време на видеото се гледа како пукаат ќерамидите од огромната температура.

Поради тоа што на Твитер настан пред неколку години кршеше ќерамиди со глава директорот ги нарекуваат Стојанче Ќерамида.

Ангелов е учесник во конфликтот во 2001 година а бил и најмен војник кој чувал бродови од пирати на брегот на Сомалија.

https://fb.watch/mVcBIF5x3W/?mibextid=Nif5oz