Стојанче Ангелов се пофали дека го учи синот да пука од пиштол

Некогашниот генерал Стојанче Ангелов на Твитер се пофали со фотографија и информација дека својот десетгодишен син го учи како се пука од пиштол.



Пукањето се одвива на спортско стрелиште но многумина се зачудија зошто некој би го учел својот малолетен син да пука од пиштол во време кога има огромен број други спортови и активности кои може да ги прави и синот на генералот.

Лани во САД од огнено оружје загинале над 600 малолетници, му напишал на Ангелов друг твитерџија.

Во Македонија секоја година гинат или се повредени десетици луѓе поради инциденти во кои се користи огнено оружје, најчесто пиштоли.

Предходна вест

Вирусот е како крадец…

Новинарот Михајловски објави дневник за битката со коронавирусот во која го загуби таткото