Стојанче Ангелов: Прво во НАТО па споменик на Карпалак

„Во наредниот период очекувам нашата држава да плови во мирни води затоа што влезот во НАТО е извесен и е само прашање на ден кога ќе се случи.



Тоа заедно со очекуваниот датум за преговори со ЕУ, верувам дека ќе се одрази позитивно и врз меѓуетничките односи и во таков случај можеме да разговараме за поставување на соодветно спомен обележје на ова место“ изјави Сојанче Ангелов, на денешното одбележување на 18-годишнината од масакрот во месноста Карпалак на патот Тетово-Скопје., пренесе СакамДаКажам.

Стојанче Ангелов, со чин генерал, е национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители.