Стојанче Стоилов, капитен на европскиот ракометен шампион Вардар и македонски репрезентативец, е прогласен за најдобар спортист на Македонија за 2019 година во изборот на Агенција за млади и спорт.



Стоилов, кој лани ја напушти манифестацијата, па од медиум на албански јазик го именуваа како „играчот со број пет“, не се појави на доделувањето на признанието, кое во негово име го доби тренерот на Вардар јуниор, Стојан Петрушевски.