Со преземањето на власта во 2017-та година, СДСМ го поставил својот Нино Васев за директор, а тој гоисклучил системот КАТО кој врши контрола на употребата на лековите за болни од канцер купен една гоидина претходно – во 2016-та за 350.000 евра.



„Оттогаш почнува криминалот на штета на пациентите, со допишување фиктивни пациенти, продажба на лекови.

Криминалот е толкав што директор на Клиниката вади документ со лажна дијагноза – за рак на бели дробови на име на мајката. Па, како се вади лажна документација за канцер? Колку такви пациенти се запишани? Што се се случува на Онкологија прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој потсетува дека КАТО системот ги чува цитостатиците, ги дозира онколошките терапии за секој пациент посебно, без шанса да се манипулира со дозите и терапиите, секој цитостатик го искористува до максимум и подготвен останува во фрижидерот стабилен за употреба дури до 28 дена, посочуваат познавачите. Дозирањето е прецизно и безбедно, без загуби, без токсични труења на медицинскиот персонал!

„Значи и без можност раце, за крадење и ставање вода на пациенти за лекот да заврши на црн пазар“ – вели Стоилковски.

„Значи 6 години КАТО е исклучен, со години се укажува на криминалот, има случаи на фатени кражби и продажби, се менуваат директори, ама никој – баш никој, ниту владата, ниту министер, ниту доктор, ниту обвинителство, не прашува зошто КАТО системот стои исклучен кога е купен, и не се враќа системот во употреба!?

И сега откако грозоморието со трговија со животи на Онкологија излезе во јавност, на министер за здравство му текна дека има систем што спречува крадење, па ќе се обидел да го вклучи!? И потоа шета меѓу пациентите дека сега, ама сега, се било во ред!?

Ова кажува само две работи – гајле им е за пациентите, гледаат да се спасат од одговорност, а одговорни се сите до еден!

И второ, бегајќи од одговорност имаат отворена можност да вршат влијание врз истрагата и оформувањето на предмет со вистинска содржина“ вели Стоилковски.