Стоилковски: Зошто ЈО не отвори истрага за аферите на Ден Дончев!

„Јавното обвинителство се однесува како да е во директна спрега со Ден Дончев. Цела година знаеле за нелегалните приходи на Ден Дончев, а не презеле никакви дејства.



И повторно требаше медиумите да објават за тоа да соопштат дека се води истрага за Дончев, пред речиси една година се стекнал со незаконски приходи од над 3 милиони денари“, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој во продолжение рече дека Ден Дончев половина година примал пари од „муртинската фирма Ремаркет“, за консултантски услуги кои ги давал додека бил и директор на ФЗОМ.

„Тоа е спротивно на закон, спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и земал пари од дејност која што не смеел да ја извршува во исто време додека директорувал со ФЗОМ.
Па зошто чекаше ЈО една година и зошто не отвораше истрага против Ден Дончев!? – праша Стоилковски.

Тој побара одговор зошто ЈО толерира и други афери за Дончев:

„Според информациите од медиумите Ден Дончев годишно преку посредници можеби земал над два милиони евра од компании и фирми кои што за да си ги земат парите од ФЗОМ морале да му исплатат процент“ – рече Стоилковски.