Стоилковски: Земјата се распаѓа а Пендаровски се секира за платата

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски се чуди зошто главна тема и прекупација на претседателот Пендаровски е платата.



Тој не може да разбере зошто човекот што би се иселил да не е претседател два дена се занимава со прашањето за плата.

,,Прво за неговата наводно му е незгодно, за денеска прво на памет што му падна по лудницата во судски совет беше дека ќе немало кој плата да потпише.
Земјата се распаѓа но тоа не го загрижува.
И тоа што се крие договор којшто ја турка државата во финансиско ропство, и тоа што двајцата негови предлози се вмешани во скандалот во Судски совет, и тоа што паракомисија се формира во Правда иако нема никаков абер за уставни измени.
Ама, платата!
Нема што, човекот си кажа, да не е претседател што биб правел.
Ова му е исто како на гурбет да е”, пишува Стоилковски кој објавува ИНФОГРАФИКА за Пендаровски а во изјавата го користи хаштагот #Саксија.