Стоилковски за доктрината на ВМРО-ДПМНЕ: Им се обраќаме на сите луѓе, групи, заедници и религии во Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денот на роденденот на партијата објавува делови од доктрината на ВМРО-ДПМНЕ.



,,🟥⬛Тргнувајќи од континуитетот на историското ВМРО, како зачетник на организираната борба за слобода на Македонија;

🟥⬛Изразувајќи благодарност на генерациите борци за создавање на сопствена, слободна и независна држава;

🟥⬛Разбирајќи ја Македонија како земја која претставува хармоничен спој на сите луѓе, култури и вредности кои функционираат во неа;

🟥⬛Причина, но и цел на постоењето на ВМРО-ДПМНЕ претставува возвишениот идеал за слободна, независна и просперитетна
македонска држава;

🟥⬛ВМРО-ДПМНЕ ги застапува и штити македонските државни и национални интереси, негувајќи ги европските и универзалните хуманистички вредности.

🟥⬛ВМРО-ДПМНЕ им се обраќа на сите луѓе, групи, заедници и религии воМакедонија”, стои во објавата на Стоилковски кој го честит 17ти јуни односно триесет и три години ВМРО-ДПМНЕ и цитира извадоци од Доктрината на партијата.