Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вечерва во статус на Фејсбук зборува за досега необјавено во јавноста видео во кое покрај Костадин Костадин учествувале и други луѓе од врвот на СДСМ.
Целиот статус на Стоилковски во продолжение:
“Гледам струмичкиот измеќар на криминалците, Kosta Костадин Костадинов отворено се заканува кон Eli Ели Панова која го обелодени поткупот што неговиот шеф Зоран Заев го прави во Струмица. Па употребува ниски навреди, измислува и клевети.
Не знам каква фантазија има Костадинчо, ама јас знам за едно видео што се прераскажува низ скопската чаршија и не е фантазија.
Костадинчо како дел од Меѓународниот сојуз, и дел од државната дружина за рекет во поприлично “весела” атмосфера, со многу алкохол и други стимуланси во еден локал на кејот на Скопје, омиленo собиралиште на рекет дружината, бил забележан во поприлично опуштена атмосфера.
Кога човек би снимал филм, во таа секвенца снимена и на видео, ќе се забележат сите главни јунаци од рекетот на Заев, од прв до последен.
Таму во видеото е и Костадинчо, рака на срце на опашката, ама таму е, ги доживува звездените моменти на животот на скопскиот асфалт, алкохол, цигари, супстанци, музика, жени, (до душа потесното опкружување на Костадинчо е поприлично машко), се веселат со првата петорка од случајот рекет.
Веројатно тоа е периодот кога веќе наредниот ден полутрезен пред седиштето на ВМРО ја лажеше јавноста повикувајќи го Мицкоски да каже дали земал пари од Орце, арно ама на снимкава за која пишувам е целата дружина на рекет која видовме дека во Луј Витон куферче навистина земала пари во случајот Рекет.
Колку што знам од видеото, Костадинчо е поприлично опуштен за многу работи, за разлика од денешново нервозно бранење на криминалците од Струмица.
Видеото е мистериозно изгубено, или можеби власта се погрижила да се загуби, ама можеби и не сте стигнале се да избришете.
Кој знае.
Секој со својот “акл” Костадинчо.
Ако знаеш што ти зборам”, пишува Стоилковски.
Костадинов во текот на вечерта не одговори на информацијата од колегата од ВМРО-ДПМНЕ а предходно најави интересни информации поврзани со други членови на опозицијата.





