„Бројчаникот којшто го вети Заев изгледа вака. Ова се бројки којшто ја покажуваат реалната слика, со којашто сите ние се соочуваме“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, откако денеска опозициската партија постави транспарент со бројки за заболените и починатите од коронавирусот, долгот на државата на Порта Македонија.



„39.760 активни случаи на Ковид и 1.136 пчинати. Тоа е епилогот од неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справат со пандемијата.
Имаме две милијарди евра долг, над 60 проценти од БДП, имаме нови 40.000 невработени лица од март до октомври и имаме вето за европската интеграција на Македонија. Тоа е учинокот на Зоран Заев“, рече Стоилковски.