Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ експресно реагираа на изјавите на премиерот Заев за можно одложување на изборите ако не се донесат суштинските закони, па дури и неподнесување на негова оставка на 3-ти јануари.
Оттаму потсетуваат дека на лидерската средба кај претседателот Пендаровски пред два месеца, не било разговарано за какви било предуслови кои треба да се исполнат за одржување на изборите на 12 април.
„Ако ме прашувате дали било договорено да се исполнат некои предуслови за да се одржат изборите на договорениот датум на 12 април, одговорот е не.
Немало воопшто таков момент на разговорите во претседателската вила, бидејќи доколку постоел таков момент едната или другата страна тоа би го кажала и секако дека тоа ќе било обзнането во јавноста.
Она што сега се случува со изјавите на премиерот кој ги одбројува последните денови од својот мандат, е страв од тоа што го чека, а тоа е дека никогаш нема да се врати во премиерската фотелја, страв од тоа што ќе му се случува по големиот пораз на 12 април и се ова се небулози кои не придонесуваат кон еден демократски изборен процес, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ“, Наум Стоилковски.





