Најмалку петмина специјалисти за надзор со месечни плати од по 36.500 евра ќе бидат ангажирани за изградба на автопатите.



„За најмалку пет години работа, колку што е потпишан договорот тоа значи дека цели 11 милиони евра ќе бидат исплатени вон договорената сума, изјави денеска портапролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стилковски кој покажа страници од договорот за коридорите добиени од укажувачи, каде е наведено дека ќе бидат ангажирани надзорници за спецификации за автопати, студии за животната средина, за заштитените богатства од УНЕСКО во охридско, разгледување на спецификациите на патиштата, или најмалку пет специјалисти.

„Кој ќе ги избира овие надзорници, дали Владата во целост или можеби ДУИ и СДСМ си го поделиле колачот од по 36.500 илјади евра месечната плата за еден надзорник.

Месечната плата на еден ваков надзорник е еднаква на 40 плати на универзитетски професори во Македонија.

Во Македонија 85% од вработените земаат плата помала од просечната. Македонија е држава во која што три месеци немаше ленти за дијабетичари, држава во којашто нема отпечатени свидетелства за ученици.

И Македонија ќе дели 36,500 евра месечна плата за еден надзорник, пари повторно издвоени од Буџетот на Македонија. 11 милиони евра за плати за 5 надзорници специјалисти. Овие пари се вон договорената една милијарда и 300 милиони евра тешкиот договор.

Ова почитувани е основа за можен криминал, а голем дел од парите да завршат во приватни или партиски џебови и потоа да бидат употребени за изборен поткуп.

Во Македонија, почитувани, се случува епски криминал којшто будно се следи и за него ќе има одговорност по смена на власта“, рече Стоилковски.