Лажните социјалдемократи, во функција на мафијата на власт си го покажуваат вистинското надмено лице. Вистината е дека нови учебници нема со години, а мафијата на власт сега ги укинува бесплатните учебници! Уште потрагично е што без решение за сегашната ситуација, актуелната со онлајн настава се оние 10% од учениците, односно 25.000 деца сега не следат настава, а по се изгледа вака како што тргнало мафијата на власт го укинува, односно би требало да го укине и законот за задолжително образование!-рече Стоилковски.
Новата милионерка смета дека тие што немаат – нема потреба ниту да учат. 25.000 деца сега се исклучени од настава заради немање на компјутери, речиси една третина од нив немаат ниту струја дома! Ама Мила Царовска ја докажува својата неспособност за грижа и сочувство за оние кои што немаат. Мила Царовска не мисли на нив туку ги правда буџетските тендери за нејзиниот партнер во домот, рече Наум Стоилковски,портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше прашан како го коментари укинувањена печатените учебници, кое го најави министерката Мила Царовска..





