Стоилковски: Без отпечаток на прст на пописот ќе има 3 милиони жители! (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во гостување на ТВ Алфа најави партијата нема да признае попис според сегашниот предлог-закон.



Истото го потврди денеска и портпаролот Наум Стоилковски:

„Вака како што е предложен, законот може да даде резултат од неверојатни 3 милиони жители во Република Македонија.

И токму затоа, за да можат да бидат релевантни податоците извршени со пописната операција и за да резултатите од пописот бидат признаени од сите политички фактори и од сите институции и институти, предлагаме решение, а тоа е да се набават оние апарати за отпечаток на прст при спроведувањето на попис.

За да на крајот сите бидат сигурни во резултатите на пописот, дека тоа не станува збор за политичко решение заради мир во коалицијата на власт, туку дека е извршен попис кој што ќе ги даде вистинските параметри за напредок и дека тие резултати ќе бидат признаени од сите политички фактори во Република Македонија“, рече Стоилковски.