Стоилковиќ: Овие како тргнале и „Груевски ќе го уапсат“. Комендија!

Пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, го коментира приведувањето на поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, на експретседавачот со Советот на Град Скопје, Владимир Здравев, и на уште тројца за пешачкиот мост „Око“ од проектот „Скопје 2014“.



„Овие како тргнале и ‘Груевски ќе го уапсат’. Комендија! Оваа смејурија од Влада мисли дека со дефокус ќе ги сокрие сопствените криминали и непочинства. Во една работа сум сигурен – дека го преминаа Рубикон и дека не се свесни за дебаклот кој ги очекува, политички се подразбира, но скоро сум сигурен некои од нив и лично. Казната допрва доаѓа, Господ нема да им прости на оние кои ќе им простат за непочинствата. Ете така на мене ми изгледа денешниот циркус“, реагира Стоилковиќ на Фејсбук.