Пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоилковиќ, му реплицира на специјалниот владин претставник за Бугарија и експремиер Владо Бучковски, според кој „процесот на србизација на Македонија траеше долго“.
„Додека траеше процесот на ‘србизација’ на Македонија државата се викаше Македонија, народот го носеше македонското име, а службениот јазик се нарекуваше македонски. Секога кога се расчисти со србизацијата државата се вика Северна Македонија, народот според Преспанскиот договор стана северномакедонски, а кога е во прашање јазикот во нововоспоставената јазична федерација тенденцијата е да биде бугарски со српски примеси“, вели Стоилковиќ.





