Стоиљковиќ за прославата на ДУИ: Осиромашениот ураниум делува

По реакцијата на член на владината Српска Странка во Македонија кој инсистира на анономност за прославата на ДУИ на 20 години од нападот на НАТО врз Србија реагира и лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија.



“Наместо помирување, провокација!
Наместо толеранција, иживување!
Наместо едно општество за сите, дискриминација”, вели Иван Стоиљковиќ претседател на ДПСМ.

Според него не постои соодветна реакција на некрофилскиот Дизниленд во Скопје, на кој ќе се слави смртта на повеќе од три илјади убиени Срби за време на НАТО агресијата на Србија!

“Осиромашениот ураниум очигледно им делува на мозокот”, заклучува Стоиљковиќ во пост скриптум.

Извори во двете српски партии велат дека тие не биле поканети на прославата на ДУИ која се нарекува одбележување но за нив е прослава на српската трагедија.

Непоканувањето на Србите на настанот на ДУИ не може да се толкува како понудена рака за помирување туку како израз на триумфализам на ДУИ за судирот меѓу Алијансата и Србија во кој загинаа огромен број невини жртви а Србија беше уништена.

Револт меѓу Србите во Македонија, владина партија слави српска трагедија