Стоиљковиќ за ,,амдибајрамизацијата” во албанскиот блок: Подобро со кратки ракави но без кратка памет

Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ прави симболичка паралела меѓу начинот на политичко делување на покојниот пратеник Амди Бајрам и дел од партиите во албанскиот политички блок.



“Ми пишува еден пријател денеска по повод амдибајрамизацијата на албанскиот политички блок, иако не сум баш сигурен за конотацијата на прашањето.
“Ете Иване гледаш дека сите си се подмирија ти остана со кратки ракави, а можеше добро да се продадеш”.
Мислев што да одговорам, во секој случај добро е што се кратки ракави, а не е кратка памет. Знам дека стравот и недовербата се присутни насекаде и знам луѓето поаѓаат од себе и од фактот дека самите тие доколку им се понуди нешто би се продале без размислување.
Не одговорив!
Но знам дека сега можам кога ќе посакам да кажам што навистина мислам и да спочитам на секој и на сите за сето онаа што не сте, а би сакале да бидете.
Ете не сме исти, се гледа од авион, исто онака како што од авион се гледа корупцијата”, објавува Стоиљковиќ во свој стил.