
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со сигурност нема да гласаат за уставни измени, а има и неколку пратеника од владејачкото мнозинство што нема да гласаат, вели Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
„Какви 80 пратеника, па неколку од нив нема ниту да гласаат. Она што можам со сигурност пред македонската јавност да кажам дека има сериозна кохезија во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ постои по ова прашање за уставни измени. И нема теоретски шанси ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да гласа за уставни измени. Дури можам да ви кажам дека има неколку пратеника од другата страна кои нема да поддржат уставни промени“, рече Стоилковиќ.





