Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ ќе биде дел од Форумот за безбедност кој го организира официјална Москва.
“На покана од Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Николај Патрушев ќе учествувам на десеттиот по ред Форум за безбедност кој оваа година од 17 до 20 јуни ќе се одржи во Уфа, главниот град на Република Башкортостан. Овој Форум за безбедност се одржува секоја година по иницијатива на Советот за безбедност на Руската Федерација и подршка од структурите на ООН, како место и начин за водење професионален дијалог за проблемите од областа на безбедноста”, пишува во најавата на настанот од ДПСМ од каде велат дека за степенот на интерес на ваквата форма на професионален дијалог за безбедносните проблеми зборува и пројавениот интерес од страна на целокупната меѓународна заедница.
Минатата година на Форумот учествувале делегации на 118 држави членки на ООН на ниво на претседатели на држави, премиери, министри за внатрешни работи, секретари за национална безбедност, директори на специјални служби, дипломати и експерти од светски калибар. На форумот скоро по правило се присутни скоро сите членки на ЕУ на различно ниво. Минатата година на учесниците на Форумот се обрати претседателот на Руската федерација Владимир Владимирович Путин.
“Ова за мене ќе буде исклучителна прилика не само за стручно усовршување туку и шанса за збогатување со нови сознанија од оваа област, затоа со задоволство Ве информирам дека не само што ја прифатив поканата како единствен учесник од нашата држава да учествувам на Форумот, туку и ќе земам активно учество на Форумот за безбедност, и ќе имам излагање на тема “Обезбедување на националната безбедност и стабилен социјално економски развој на државите во светло на нарасната опасност од разни облици на тероризам и растечка опасност од хибридни закани.
За меѓународниот кредибилитет и авторитет на форумот говорат и темите за кои ќе се разговара, обезбедување на национална безбедност и стабилен социо еконономски развој на државите во услови на растечки хибридни закани, меѓународна соработка во областа на итни хуманитарни активности како и за перспективите за одржување на стратешка стабилност во светски размери”, се вели во пишаната изјава за медиумите од Иван Стoилковиќ





