Стоиљковиќ: А каде е печатот?

„А где је печат?



Прво бев воодушевен од подобрените услови во затворот во Шутка и напредокот во однос на затворениците, бидејќи видов дека им овозможуваат користење на компјутери и печатачи на притворените.

Но, оваа со печатот е приказна за себе“, реагира лидерот на Демократската партијата на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, на изјавата на јавниот обвинител Љубомир Јовески, дека писмата на Катица Јанева од притвор и без печат се легитимни.

„ Оваа веќе не е ни скандал! Дури и најголемите идиотарии на власта стануваат нормални, затоа и колку да се трудам, а стварно се трудам да не обрнувам внимание и да не коментирам вакви гпупарии, едноставно ме повикува здравиот разум на реакција бидејќи нормалноста веќе не постои, а кога ќе се загуби нормалноста останува многу малку простор до катастрофа.

И сега сосема логично е да се прашаат старателите на оваа власт како понатаму? Каде е сега Жбогар? И каде е сега ЕК? И каде е сега амбасадата на САД? Да дадат одговор на прашањето, што стана со правната држава? Каде се изгуби смислата за реалноста? Што се случува со разумот, ако веќе го има и ако постои во јавниот, стручниот и политичкиот живот?

Знам дека ќе молчат, знам дека лицемерието ќе ги изеде као рѓата што го јаде железото, и знам дека нивната громогласната тишина ќе го надгласа разумот, но сето тоа е веќе видена работа.

Мој совет до власта е дека е подобро од половина пат да се вратиш назад, отколку по погрешен пат да одиш до крај!
Но големи се, си знаат самите што треба да прават“, пишува Стоиљковиќ на фејсбук.