Џејн Колинс (104), која живее во старечки дом во англискиот град Дарби, верува дека се излечила од коронавирус благодарение на шампањско.
Колинс била хоспитализиран кон крајот на април, пишува „Дејли меил“, но и покрај стравувањата на лекарите и роднините, таа се опоравила за само 10 дена. На 7 мај, била отпуштена од болницата и испратена со аплауз а Џејн изјавила „Веќе го славам моето закрепнување со торта и шампањ“.
Нејзиниот сопруг Џорџ починал пред скоро половина век на 58-годишна возраст. Вдовицата работеше во поголемиот дел од својот живот во здравството и продолжи да вози сè додека не наполни 101 година. Според нејзините роднини, Колинс отсекогаш била силна во духот и сакала да испие чаша црвено вино или шампањ.
„Во тоа е нејзината тајна, не е за чудење што надживеа се’ што Ѝ се случувало … Џејн отсекогаш имала карактер“, изјави нејзината внука Сара Болмфорт.





